|
МАНД
претставува здружение на археолозите
од Македонија, формирано 1972 година
во Прилеп, под името “Археолошко друштво
на Република Македонија“. За свој прв
претседател, здружението го избра Бошко
Бабиќ, тогашен директор и археолог на
Народниот музеј на во Прилеп.
На
21.01.1974 година е донесена одлука за
покренување на периодичното стручно списание
Macedoniae acta archaeologica, при што
е вибрант и редакција во состав: Бошко Бабиќ, одговорен
уредник, Д-р. Блага Алексова, Д-р. Иван Микулчиќ, Вера
Битракова Грозданова и Воислав Санев, членови. Во првиот
број на ова списание, во 1975 година се објавени соопштенијата
од Првиот симпозиум на друштвото, одржан на 12-13. II.
1973 година во Скопје.
Од формирањето
до денес Друштвото има одржано неколку конгреси, тематски
расправи - тркалезни маси и 20 симпозиуми, посветени на
резултатите од археолошките истражувања во Македонија.
|