Почетна Новости Линкови Контакт E-Mail

  За МАНД
Историјат на МАНД
Статут
Претседателство
Одбори
 
Членови
Именик
Зачленување
 
Активности
Истражувања
Изложби
Промоции
Симпозиуми
Предавања
Екскурзии
 
Редакција
Редакција на MAA
Известувања
Macedonia Acta
Archaoelogica
Информатор
Академик Блага Алексова

Блага Алексова е родена на 24. 01. 1922 год. во Тетово, редовен професор за ранохристијанска и словенска археологија на Универзитетот во Скопје во пензија. Повеќегодишен директор и еден од основачите на Археолошкиот музеј на Македонија, член на Институтот за национална историја во Скопје.
Студиите по историја на уметноста ги завршува на Универзитетот во Скопје. Докторската дисертација ја одбранува на Универзитетот во Љубљана. На усовршување престојува во текот на 1971 и 1983 година во Дамбартон Окс центар за византиски студии на Харвардскиот Универзитет во Вашингтон, САД. Со интензивна научноистражувачка активност доаѓа до нови откривања на сакрални архитектонски објекти од ранохристијанскиот и словенскиот период во Македонија. Проучувајќи ги црквите и нивното внатрешно уредување со архитектонската пластика, мозаиците и живописот укажува на брзата христијанизација на Источен Илирик и на влијанието на византиската цивилизација на тукушто населените Словени на Балканскиот Полуостров.
Ко-директор е со Ц. Манго на Југословенско-американскиот проект Баргала и Ко-директор е со Џ. Вајсман и Ѓ. Мано-Зиси на заедничкиот Југословенско-американски проект Стоби.
Одржува предавања во Дамбартон Окс и Смитсоновиот институт во Вашингтон и на Универзитетите во САД (Мериланд, Вандербилд, Бостон). Член е на Македонската академија на науките и уметностите од 1997 година. Автор е на повеќе трудови и студии објавени во нашата земја и странство.
   
e-mail:









 
© MAND 2005. All rights reserved. Powered by creative workshop